Топ фаворитите Шведска и Чешка кои завршија на првите места во своите групи се единствените непоразени селекции по завршувањето на групната фаза. Македонија која претпре четири порази во групата ќе разигрува во плеј аутот за пласман од 9 до 11 место.


Шведска без поголеми проблеми стигна до првото место во целост оправдувајќи ја фаворитската улога. –    Доста разговаравме за притисокот кој го носи фаворитската улога и во целост ја прифативме таа одговорност. Ја знаеме нашата сила, и секогаш гледаме да се фокусираме на нашата игра и да не размислуваме за нашите противници.   – вели шведскиот селектор Фредерик Јоуламо.

Победата во последната рунда против Грција за Чешката селекција значеше прво место и избегнување на дуел со Шведска се до финалето.

–    Задоволни сме го освоивме првото место и во ¼ финалето ќе играме со Бугарија, првата позиција е исто така  добар психолошкиот момент на екипата. За нас најважно е да се пласирме во финалето од шампионатот, бидејќи двата финалисти обезбедуваат пласман во А дивизијата. Нормално дека посакуваме да победиме, но за нас најважно е да обезбедиме пласман во најсилната кошаркарска дивизија, По малку сме уморни и добро ке ни дојде овај ден одмор за моите играчи релаксирано да влезат во завршните мечеви, морам да кажам дека и овај систем е доста напорен за играње, но што е тука е – рече по триумфот над Грција селекторот  Марсела Крамер.

1/4 финале (двојки)

12.00 Австрија – Македонија (плеј аут)
14.15 Португалија – Израел
16.00 Грција – Унгарија
18.45 Белгија – Шведска
21.00 Чешка – Бугарија

М.П.