На сопственикот на автомобил во Шведска му е одбиено барањето за издавање регистарски таблици со бројот 666 666, бидејќи властите забрануваат такви регистрации кои носат потенцијална несреќа.
Канцеларијата за сообраќај го одбила барањето со образложение дека Библијата го поврзува бројот 666 со ѓаволот.
Шведската управа за сообраќај има попис на можните несреќни или проблематички комбинации на бројки и букви и не дозволува да се најдат на регистарските таблици.
На пописот се наоѓаат и некои наизглед безопасни комбинации како УСА, СВЕ или УФО.
Освен тоа, го задржуваат правото да одбијат комбинации кои сеуште не се на пописот.