Жителите на едно швајцарско село кои буквално спијат на злато одбиле да се експлоатираат наслагите на златото иако би можело да им донесе приход по 100 илјади долари од жител. Мештаните на неколку села во долината Медел, во подножјето на Алпите, направиле нешто што многумина не можат да го замислат и одлучиле дека е подобро да ја сочуваат средината во која живеат отколку да се збогатат. Имено, во оваа долина неодамна биле откриени залихи на златна руда вредна дури 1,2 милијарди долари, а да би можела да биде експлоатирана некои од жителите морале да бидат раселени, додека средината би претрпела големи промени.
Бидејќи се развила голема дебата околу тоа дали треба да се дозволи изградба на рудник или не, селаните одлучиле ова прашање да го решат по пат на референдум. 90 од селаните биле за изградба на рудник, додека останатите 180 биле против. Освен што не сакале да ја уништуваат природата, многумина помислиле дека рудникот би можел да им донесе проблеми и да ги натера да го менуваат начинот на живот. Момчињата од селото биле посебно загрижени дека 200 рудари, колку што би биле ангажирани, би се обидувале да им ги земат девојките, што им послужило како дополнителен мотив да ја стават љубовта пред парите.