И покрај глобалната економска криза и падот на потрошувачката во некои земји, швајцарскиот производител на слатки познат по луксузните чоколада и пралини, „Lind&Springli“, ја зголемил продажбата во минатата година за осум проценти. Продажбата е зголемена во сите региони и во сите категории производи, така да вкупната вредност изнесувала 2,833 милијарди швајцарски франци.
Како што пренесуваат швајцарските медиуми, покрај органскиот раст од 8,6 проценти, групацијата ја надминала стратешката цел на растот на долг рок утврден на 6 до 8 проценти. За тековната година, оваа компанија очекува зголемување на оперативаната маржа за повеќе од 20 до 40 процентни поени.