Според
швајцарската полиција, автобусот пред да заврши во езерото бил паркиран
пред маркет во местото Вевеи на нерамен терен, а патниците биле
излезени. Причините за паѓањето на автобусот во езерото се уште не се
утврдени, но се претпоставува дека најверојатно возилото имало проблем
со сопирачките, пренесува „Телма“.
Автобусот паднал во езерото само неколку моменти откако патниците излегле од него.
По извлекувањето на автобусот, извршена детална проверка и разговор со возачот.
Швајцарските пожарникари го извлекоа струшкиот автобус од Женевското Езеро