Една банка во Цирих вовела нов код за облекување, според кој машката долна облека мора да биде од добар квалитет и лесно да се пери. Банката со седиште во Цирих ја издала оваа одредба за да го подобри имиџот и да ја врати довербата на клиентите. Во документот кој одржи 52 страници, меѓу останато пишува и каква долна облека треба да носат вработените.
Така машката долна облека мора да биде со добар квалитет, лесно да се пери и да не се гледа. На жените им се препорачуваат хулахопки во боја на кожата, а предупредуваат и дека не смеат да се носат тесни чевли. Вработените треба да избегнуваат храна која шири миризба и тутун, а за жените е важно и каква шминка ќе користат.