Направата која е прогласена за „мајка на сите швајцарски ножеви“ содржи неверојатни 100 алатки, меѓу кои има ножици, ноже, вилушка, па дури и минијатурен револвер со калибар 22. Интересно е тоа што ножот воопшто не потекнува од Швајцарија, туку од Германија, каде бил направен во 1880 година, цели 11 години пред првиот швајцарски нож. Во Бафало Бил центарот во западен Вајоминг бил изложен еден од швајцарските ножеви, неизоставен предмет во џебовите на господата од крајот на 19 век. Оваа верзија содржела се што ви е потребно да ги преживеете турбулентните денови на дивиот запад, неколку типови ножеви и ножици, пенкало, ноже за пури, огледало, минијатурен револвер, вилушка за штимање клавир и многу други.

За разлика од денешните швајцарски ножеви, овој немал отворач за шишиња, бидејќи чеповите кои ги познаваме денес се појавиле дури во 1892 година. Ножот бил широк осум, а долг 22 сантиметри. Бил направен за продавницата “JS Holler & Co” во Њујорк, а наводно не ни бил наменет за носење. Имено, ваквите ножеви служеле само да ја нагласат способноста на оној кој ги правел. Биле многу тешки за произведување, па тоа се обидувале само најталентираните.