Поранешниот студент, швајцарскиот милјардер Хансјоерг Вис донирал 125 милиони долари на универзитетот Харвард. Оваа донација е најголема во историјата на универзитетот. Намената и е да се формира институт кој ќе го носи името „Hansjoerg Wyss Institute for Biologically Inspired Engineering“  и ќе се занимава со медицинска биотехнологија, а ќе бидат вработени бројни инженери, биолози, хемичари, физичари, математичари и лекари.


Вкупното богатство на овој бизнисмен се проценува од 6 до 8 милијарди долари. Добродушниот донатор на Харвард магистрирал 1965 година.