Археолозите се збунети со пронаоѓањето на швајцарски часовник во урнатините на древна гробница која била запечатена пред 4 века.

Тим од археолози за првпат влегле во запечатена гробница на династијата Минг во градот Шанси во Јужна Кина. Внатре пронашле минијатурен часовник со облик на прстен кој со текот на времето пропаднал во калта.


Освен часовникот, археолозите уште повеќе ги збунало тоа што на задниот дел од часовникот бил вгравиран зборот „Швајцарија (Swiss)“. Ситниот предмет го откриле сосема случајно, обидувајќи се да ја тргнат земјата која покривала еден ковчег. Прво мислеле дека се работи за камен, меѓутоа, тоа што го откриле се чини во најмала рака  е неверојатно.

Не само што во времето на династијата Минг не постоеле часовници, туку како држава не постоела ниту Швајцарија. Кое е решението на новата загатка, можеби ќе покаже времето.