Македонскиот ракометен шампион, Металург доби противник по желба на денешната ждребка за четвртфиналето од КПК.

Екипата на Звонко Шундовски за влез во најдобрите четири ќе се бори против  швајцарската екипа Амичитија од Цирих.

Во 1/8-финалето Амичитија ја елиминираше екипата на данскиот Колдинг, со вкупен резултат од двомечот со 63:62.

Останатите двојки од 1/4-финалето во КПК се:

Кадетен Шафхаузен – Босна Сараево
Нортхорн – Пик Сегед
Ваљадолид – Констанца.

ohridnews