Локалната влада на кантонот Апензел во Швајцарија, планира да преземе мерки против ненадејниот и недобредојдениот феномен, голите авто-стопери.

Властите на кантонот планираат да воведат казна за секој кој ќе се движи по нивните планински региони без облека. Тие одлучиле да преземат мерки пред да започне сезоната за авто-сопирање, откако бил забележан ненадеен прилив на нудисти минатата година, главно од Германија.


ФФК, односно слободна култура на телото, сега е популарна во Германија, но мештаните на Апензел не се воодушевени од овој тренд.

„Присилени сме да воведеме нови закони за борба против овој непристоен феномен пред да дојде убавото време“ – рекол Мелкор Лузер, претставник на кантонот.

„Се работи за тоа што на лето многу деца доаѓаат во нашите планини на летување“ – додал тој.

Минатата година бил уапсен еден гол авто-стопер, но не бил казнет од причина што голото шетање не е забрането со закон, па властите заклучиле дека им е потребна нова регулатива.