Еден пчелар од Швајцарија успешно обучил 70 пчели да пронајдат марихуана. Силван Кауфман објаснил дека на пчелите прво им нудел дрога, а потоа храна.
Пчелите за кратко време, кога ќе почувствувале мирис од канабис, почнувале да го менуваат движењето и расположението во исчекување за храна.
Полицијата, меѓутоа не покажува голем интерес за дресирање на пчели, наведувајќи дека за таа работа поефикасни и полесни за раководење се кучињата.