Репрезентацијата на Швајцарија го приреди најпријатното изненадување на Европското првенство во фудбал, елиминирајќи актуелниот светски првак Франција. Швајцарците во осминафиналната пресметката после изведувањето на пеналите ги совладаа „триколорите“ со 5-4, откако регуларниот дел од мечот и дополнителните триесет минути завршија 3-3. Швајцарија со елиминацијата и го уништи сонот на Франција за обединување на титулите од големите натпреварувања.

Трагичар во пенал рулетот беше супер ѕвездата на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе, кој не го реализираше петтиот пенал. Швајцарците го реализираа сите пет пенали, а претходно четири пати прецизна беше француската селекција.

Што се однесува до натпреварот. Швајцарија водеше со 1-0, но „галските петли“ со три голови го свртеа резултатот во своја полза. Во финишот од мечот швајцарците со два голови обезбедија реми и продолженија. Таму немаше голови и мечот отиде во пенал завршница, која им припадна на швајцарците.

Во 1/4 финалето Швајцарија силите ќе ги одмери со Шпанија, која ја совлада Хрватска со 5-3.

OhridNews