Англискиот премиерлигаш Њукасл по осум месци работа го отпушти менаџерот Сем Алардајс. Во официјалното соопштение издадено од клубот, кој по 11 кола се наоѓа на 11 место со 26 бода, се вели дека раскинот на договорот е спогодбен и дека двете страни се согласиле дека соработката треба да прекине.


Не успеа да го повтори успехот од Болтон – “Големиот“ Сем

Алардајс е четвртата тренерска “жртва” во досегашниот дел од сезоната во Англија,  додека Големиот Сем  е четвртиот менаџер на Њукасл во последниве четири години.

Како фаворит за преземање на менаџерската палка во клубот се споменува името на легендарниот фудбалер на Њукасл и англиски репрезентативец Алан Ширер.

ohridnews