После Реал Мадрид и Барселона ги заврши настапите во 1/4 финалето во Купот на Шпанија. Неприминлива пречка за Барселона беше составот на Атлетик Билбао, кој пред своите гледачи славеше со минимални 1-0.

Погодокот вреден пласман во полуфиналето домашните фудбалери го постигнаа во третата минута од судиското продолжение. Во вистинско време на вистинско место се најде Инаки Вилијамс. Напаѓачот со глава доволно ја допре топката колку да го матира Тер Штеген кој неможеше да спречи погодок.

Борбата за титула е отворена за сите четири полуфиналисти бидејќи изразит фаворит нема. Учесници покрај Атлетик Билбао се Мирандеш, Реал Сосиедад и Гранада.

OhridNews