Селекторот не сака да избрзува со списокот плашејќи се од евентуални повреди на репрезентативците, патниците ќе ги одреди на 25 март, а пред квалификацискиот турнир на 1 и 2 април во Скопје неговите избраниците ќе одиграат двомеч со Романија.
– Две победи гарантираат Олимпијада, но има и други калкулации. Многу важен е првиот натпревар бидејќи Унгарците ни се директни ривали за едно од двете први места, но турнирот мора да се одигра до крајот, без оглед на резултатот на првиот меч. Шведска е домаќин и најголем фаворит, а Бразил е непознаница“, вели Шундовски.
На Игрите во Лондон ќе има место за двете најдобри селекции од групата.