Селекторот на репрезентацијата Ѕвонко Шундовски се соочува одредени проблеми пред почетокот на квалификациите. Во составот поради суспензијата ќе недостасува голманот Борко Ристовски, а на располагање ќе го нема и вториот голман Петар Ангелов.
Во комбинација за првите мечеви не се и ракометари на Металург, Наумче Мојсоски и Велко Маркоски кои сеуште ги лечат повредите здобиени на мечевите во Лигата на Шампиони.
“Македонската фаланга“ квалификациите ги отвара на 31 октомври (среда) со Швајцарија на домашен терен. Четири дена подоцна Македонија патува на Пиренеите, на мегдан со Португалија.