– Јас го објавив списокот нo останувам на ставот што ги изнесов пред неколку дена. Имам и план и програма, но кој ќе работи со репрезентативците? – запраша Шундовски.
Македонската репрезентација на чело со селекторот Ѕвонко Шундовски на последното Европско првенство во Србија го освои петтото место што му овозможи трансфер во клубот Констацна од Романија.
Оттогаш наваму Шундовски само еднаш дојде во Македонија и тоа за мечевите од квалификациите за ЕП на кои “фалангата“ забележа победа над Швајцарија 30-24 и претрпе пораз од 32-25 од Португалија.
– Стојам цврсто на земја до она што го испратив до ракометната федерација на Македонија и така ќе биде до крај. Па ако сметаат дека не треба да ми ги дадат заслужените пари нека назначат нов селектор и нека донесе медал од ЕП или СП – заврши за весникот “Дневник“, Шундовски.