Поранешниот селекторот на Македонија, Ѕвонко Шундовски кој е тренер на романскиот клуб Букурешт во своите редови ќе го доведе Наумче Мојсовски.


Репрезентативецот на Македонија по заминувањето од Металург не можеше да најде клуб каде ќе ја продолжи кариерата.

Катарската Лаквија не беше адекватна солуција, а Мојсовски по завршувањето на договорот се врати во Европа.

Иако беше поврзуван со неколку клубови Мојсовски не премина никаде чекајќи некоја подобра понуда.

Мојсовски ќе биде од голема помош за Шундовски кој минатата сезона со неговиот состав заврши на вицешампионската позиција во романското првенство.

Стружанецот во Романија ќе замине деновиве и треба да го официјализира договорот.

Ohridnews