Македонскиот фудбалски репрезентативец Величе Шумуликоски се договори со својот досегашен тим Престон за прекинување на соработката. Како што објавија англиските медиуми, двете страни се договориле спогодбено за раскинување на договорот, што практично значи дека од Шумуликоски е слободен фудбалер и може да бара нов клуб.
Долго време нашиот репрезентативец беше во немилост на тренерите во Престон. По доаѓањето на Дарен Фергусон тој ретко беше во првиот тим, а последен пат настапи како резерва на средбата со Колчестер во ФА купот на Англија во јануари.
Засега нема информации за можната следна дестинација на Шумуликоски. И тој најверојатно ќе го почека стартот на преодниот рок додека одлучи за својата иднина.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com