Одиме во Шкотска за да победиме, им порача на островските медиуми македонскиот интернационалец Величе Шумуликоски, фудбалерот на Престон, во пресрет на гостувањето во Глазгов на македонската фудбалска репрезентација против Шкотска.
– На Шкотска и треба победа, ама и нам. Мислам дека тоа ќе биде добар отворен меч. Никој не сака реми, затоа што Норвешка игра со Исланд. Ние сакаме да играме фудбал, играме отворено, и затоа одиме во Шкотска за да победиме – изјавил Шумуликоски.
Тој истакнал пред островските медиуми дека Македонија има технички фудбалери, но некој пат на селекцијата и треба многу повеќе од техника.
– Имаме добри техничари, играчи што знаат да играат со топка, но понекогаш ви треба многу повеќе од техника. Мора да се борите за победа. Ние сме мала земја и, ако оствариме добар резултат, сите ќе бидат горди. Ќе направиме сé за да стигнеме до нашата цел и сé додека имаме шанси нема да се откажеме. Ќе се бориме до последната минута – додал Величе.
Тој на Шкотите им посочил дека „суспендираниот“ Бери Фергусон (не игра поради кавга со Џорџ Барли) е најдобриот играч што таа репрезентација го има.
– Одличен играч и најдобар од Шкотска. Ќе ни беше потешко ако тој играше. Тој не настапи на првиот меч и ние победивме, можеби пак ќе победиме – додал Шумуликоски.
Кошаркарите на Охрид утре во рамките на 18-то коло од Втората кошаркарска лига победничка серија ќе бараат на гостински терен во Скопје, против екипата на Работнички 2018 Натпреварот се игра со поч...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 21-то коло од Втората македонска фудбалска лига утре ја пречекуваат екипата на Победа Прилеп Натпреварот се игра на стадионот „Билјанини Извори“ со почеток во 14 ча...
Денес се одигра третото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати: Моментална табела после трето...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.