Михаел Шумахер, седумкратниот светски првак во Формула 1 се враќа во Формула 1 и тоа во тимот на Мерцедес ГП. Шумахер се повлече во 2006 година и 3 години беше советник во Ферари.


По 1.239 дена пауза во Формула 1, на 14 март 2010 година, германецот ќе вози за Големата награда на Бахреин, со наполнети 41 година. Тоа значи дека за следната година тимот на Мерцедес ќе биде целосно германски, со двата пилоти Шумахер и Нико Розберг (24 години).


Михаел Шумахер досега возел 250 трки во Формула 1, победил 91 пат, а 68 пати стартувал од пол позиција.

ohridnews