За десеттина дена ќе се навршат пет години од страотната несреќа на Михаел Шумахер при скијање во Франција. Легендарниот илот во Формула 1 удри во карпа и доби тешки повреди на главата и телото. Од денот на несреќата, никој од фамилијата или потесниот круг на Шумахер не се обрати и информациите кои се пласираат во јавноста се прифаќаат со доза на несигурност.
Со најнова информација се јави британскиот таблоид Дејли Меил. Весникот јавува дека Шумахер не е повеќе прицврстен за креветот и се осеќа многу подобро, но и понатаму неговата состојба ќе се држи далеку од очите на јавноста. Лечењето и негата за Шумахер според Дејли Меил чини 50 000 фунти неделно, а вилата во која преставува Михаел и неговата фамилија чини 50 милиони евра.
Шумахер несреќата ја доживеа на 29 декември 2013 година при возењето со својот син на планините Гренобл во Франција. Неговото тело во болница беше пренесено со хеликоптер и му беа извршени неколку операции.
OhridNews