Седумкратниот светски прваk во формула 1 Михаел Шумхаер нема да се врати на Формула 1 трките. Германецот на својата официјална страна ја потврдил информацијата, а како главна причина за тоа ги навел здравствените проблеми.

Тој на 29 јули најави дека на определено време треба да го замени возачот на Ферари, Фелипе Маса, кој тешко се повреди на патеката во Хунгароринг, за Големата награда на Унгарија.

Во денешното соопштение на неговата интернет страница, Шумахер вели  : Сторив апсолутно се’ овој кам-бек да биде возможен на време, но на мое длабоко жалење, тоа не успеа, најдлабоко сум разочаран.

Местото на Маса, ќе го пополни Лука Бадоер.

ohridnews