Шума гори кај Ќафасан. Пожар во полето крај Струга
25.07.07 16:09
Огнените стихии во Македонија како да „решиле“ се` да изгорат. После огромниот пожар во битолско кој е донекаде стопиран, на „ред“ дојдоа и струшкиот регион и Ќафасан. Околу 100 хектари дабова и борова шума, непосредно до граничниот премин со Албанија горат, а ветерот кој го менува правецот секој момент сесрдно „помага“ во ширењето на пожарите. Пожарникари од Струга и Охрид, потпомогнати од работници во шумските претпријатија, се борат да го локализираат огнот што кај Ќафасан е веќе стигнат до патот. Но, од она што го видовме на терен, недостига и механизација и опрема, но и луѓе за гасење на пожарите. Градоначалникот Мерко изјави дека нема опасност пожарот да ја префрли планината и да „тргне“ кон селото Радожда и хотелите „Изгрев“ и „Бисер“
Гори половина планина. Ќафасан
Само еден пожарникар на илјадници квадрати пожар
Пожарот „слезе“ до патот Струга – Ќафасан
Додека градоначалникот Мерко ангажира луѓе и ресурси кај Ќафасан (тој и беше на лице место), пожар од големи размери го зафати и струшкото поле, во близина на селото Враништа. Луѓето од крајпатните фабрики и деловни објекти сами се бореа со стихијата, огнот и густиот чад. Нешто подоцна околу 14.30 на делот зафатен со пожар, од патот гасеше пожарникарен камион. Патот Струга – Дебар беше затворен. Од далечина можеше да се види дека пожарите се шират со голема брзина и спрема селата Враништа и Мороишта.
Храбар човек гаси сам на патот Струга – Дебар
Ако не се ангажираат повеќе луѓе, односно ако Општината Струга не добие реална помош во гаснењето на пожарите, и` следува драма како на Битола.
На на 63 годишна возраст, денеска почина истакнатиот македонски композитор, продуцент и аранжер, Тоше Поп – Симонов Поп Симонов, во својата богата и плодна кариера соработуваше со бројни изве...
На 18042025 околу 12 часот во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското Eзеро, кај „Канео“, забележано е повредено лице кое потоа со пловен објект е пренесено на градското пристаниште, кад...
Директорката на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот (АППТ) Билјана Стефаноска оствари средба во Охрид со претставници на туристички агенции од Малезија кои ќе носат гости во Македонија Ст...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.