Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова имаше работна средба со претставници од реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО, кои беа во посета на земјава, со цел проценка и утврдување на општата состојба со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

Како што информираат од Министерството биле елаборирани наодите од неодамнешната посета на Охридскиот регион, а се дискутирало и за тековните активностите што засегнатите институции и субјекти ги имаат преземено во регионот со цел остварување на препораките на УНЕСКО.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на напорите за зачувување и заштита на светското природно наследство во Охридскиот регион и е отворено за соработка со сите засегнати страни, со цел – зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион на листата на УНЕСКО, рече Шукова.

OhridNews

фото. МЖСПП