Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје тесно загуби (70-68) во 1/2 финалето од Константин во турнирот во Ниш. “Штрковите“ за третото место ќе разигруваат со Раднички од Крагујевац кој претрпе пораз од Левски во вториот полуфинален дуел.

Без стандардните центри Гечевски и Николоски во составот и повредениот Далман, МЗТ не можеше да ја оправда фаворитската улога. Најефикасни во екипата на “штрковите“ со по 17 поени беа Дамјан Стојановски и Дејвис.

Мх.П.