Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје со победа над Кожув 77-71 ја започна одбраната на трофејот.


Во поголемиот дел од натпреварот екипата на Кожув имаше предноста, која на крајот “штрковите“ ја анулираа и стигнаа до победа.

Сензација во “Борис Трајковски“ не дозволи Дамјан Стојановски постигнувајќи 19 поени сите во вториот дел. Искусниот Гечевски зад своето име запиша “дабл дабл“ учинок од 17 кошеви и 10 скокови додека Чековски уфрли 16 поени со девет скокови.

Најпрецизен во гостинскиот состав беше поранешниот кошаркар на МЗТ, Мијајловиќ со 13 поени.

Во останатите натпревари Работнички забележа сигурна победа над Лирија 106-92, а Фени Индустри тесно славеше против Куманово со 96-89.

Мх.П.