Актуелниот кошаркарски првак во Македонија, МЗТ Скопје со 89-73 го совлада Работнички во градската пресметка која се одигра во „Градски парк“.
Кошаркарите на МЗТ Скопје на теренот ја покажаа разликата во квалитет и уште еднаш ја потврдија доминацијата во македонската кошарка.
По шест одиграни натпревари бранителот на трофејот има исто толку победи додека за Работнички ова беше четврти пораз.
Мх.П.