Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје претрпе пораз од Олимпија со 76-87 во натпревар од регионалната АБА лига. За “штрковите“ ова беше десетти пораз во Јадранското друштво, пораз кој и тоа како ги намалува шансите за пласман во врвот на ова натпреварување.

Најпрецизен беше капитенот Гечевски со 25 поени, по него го следеше Николовски со 17 и Дејвис со 11.Кај гостите кои во целост се реваншираа за поразот во првиот дел од лигата Бубниќ беше најпрецизен со 20 поени, додека Јака Блажиќ и Ален Омиќ дадоа по 16 поени.

Во наредното 21 коло , “штрковите“ гостуваат во Хрватска кај Цедевита.

Ohridnews