Екипата на МЗТ Скопје е победник во младинскиот куп. Во финалето „штрковите“ го совладаа тимот на Лирија со 80-55.
Од самиот почеток кошаркарите на МЗТ стекнаа водството кое знаеја да го сочуваат до крајот на мечот и сосема заслужено се закитија со трофејот од Купот.
Најпрецизен во победничкиот состав беше Арсоски со 21 поен додека најефикасен тимот на Лирија беше Ештрефи со 19 кошеви.
Мх.П.