Слабото прво полувреме, а посебно очајната втора четвртина го чинеше МЗТ Скопје пораз, седми во дебитантската сезона во АБА лигата.
Избраниците на Словенецот Алеш Пипан, направија се што можеа во преостанатите две четвртинини, но не беше доволно за поволен резултат со Будучност.
Голем пехови за “штрковите“ беа петте лични на Гечевски и шутот кој не беше на висина на задачата во клучните моменти.
Најпрецизен во домашната екипа беше корпулетниот Ѓорги Чековски со 13 поени додека со 14 кошеви најефикасен е гостинскиот кошаркар Милошевиќ.
Во наредната 17-та рунда македонскиот првак гостува во Крагујевац, а силите ќе ги одмери со Раднички.