Со триумфот на гостински терен “штрковите“ ја направија можеби клучната победа во шампионската трка. Следниот натпревар се игра на теренот од МЗТ Скопје и со евентуална победа ќе биде на чекор од одбраната на титулата.
Покрај Американецот во составот на МЗТ расположен за игра беше Гечевски, кој постигна 20 поени, а одличната вечер за “белите“ ја комплетираше Чековски со 14 кошеви.
Во поразениот состав најпрецизен со 17 беше Петковиќ, но тоа беше премалку за прва победа против актуелниот првак.
Фото : “Мкд.мк“