МЗТ Скопје стигна до третата победа во серијата со Кожув откако на домашен терен ги демолираа со 72-44.

За одбрана на титулата на “штрковите“ им е потребна уште една победа во преостанатите четири натпревари во серијата.

Предводникот на “белата армија“ до третиот триумф беше Ѓорги Чековски со 27 поени, “плејот“ Оташевиќ постигна 13.

Четвртиот натпревар во финалната серија се игра на теренот од Кожув.

Мх.П.