Екипата на МЗТ Скопје ја забележа седмата победа во регионалната кошаркарска АБА лигата совладувајќи го Партизан пред своите гледачи 82-78.
До третата победа во серија „штрковите“ стигнаа со организирана одбрана и напад кој во секој момент знаеше што сака.
Подмладениот состав на „црно белите“ до крајот на мечот не се предаде и му пружи достоен отпор на македонскиот првак кој полека, но сигурно чекори кон средината на табелата.
Новото засилување Урош Луковиќ се покажа како таличен постигнувајќи 20 поени, Дреновац реализираше 17, а 12 уфрли Дамјан Стојановски.
Фото : Екипа.мк
Ohridnews