Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжија доминцијата во македонската кошарка освојувајќи четвртата титула во серија.
„Штрковите“ во финалната пресметка со чисти 3-0 го совладаа тимот на Куманово, кој два меча беше достоен ривал на новиот шампион.
Дамка во новата титула е неприсуството на навивачите од МЗТ популарните „Фемили“ кои се во отворена војна со управата на клубот.
Најтрофеен клуб во Македонија се уште е Работнички со 14 титули, втор на листата е МЗТ Скопје со 4, а третопласиран е Фени Индустри со 3 одличја.
Мх.П.