Цела една постава на играчи од ланскиот тим на Вардар кои не се најдоа на списокот на фамилијата Костовски,  деновие се подготвуваат во Охрид.

Мартин Богатинов, Душан Савиќ, Милан Перендија, Владимир Секуловски, Димче Ристевски, Милош Леповиќ како и Бразилците Роберто Карлос, Тиаго Родригез, За Карлос Фиљо и Фабио Да Силва по палката на Зоран Стратев ја одржуваат својата форма, очекувајќи одговор од страна на Комисијата за молби и жалби при ФФМ на нивните барања за добивање на раскин на договорите со “црвено-црните” на штета на клуб.

Доста веројатно е дел од овие фудбалери да завршат во Прилепска Победа во пакет со Слободан Брацо Вујчиќ досегашниот спонзор на Вардар кој во новата сезона ќе биде главен финансиер на прилепчани.

М.П.