Таксистите во Атина изутрината започнаа штрајк во знак на протест против владините реформи, при што ги блокираа приодите кон аеродромот и главното пристаниште.

Непосредниот повод за 48-часовниот штрајк беше одлуката на владата да го либерализира работењето во оваа дејност, поради што таксистите ќе добијат поголема конкуренција, а ќе загубат и одредени привилегии.

Штрајкот на таксистите предизвика пореметување во сообраќајот во главниот град на Грција, особено кон аеродромот, поради што патниците се советуваат да ги користат локалните возови за да дојдат до аеродромот.

Пореметување на сообраќајот има и кон главното пристаниште, што ќе им донесе големи потешкотии на туристите, кои планира да летуваат на грчките острови.

OhridNews
извор: Makfaks