Повеке од 200 вработени кои се помали акционери во холдинг компанијата Отекс, денес ги ставија во  мирување протестите  кои ги започна неодамна, незадоволни од случувањата во фирмата, неисплатените плати и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, немањето услови за работа и исклучувањето на струјата,  поради што беше прекинат целиот производствен процес.

На средбата со менаџерскиот тим, денеска,  било договорено,  но и ветено од страна на сопстрвениците на Отекс, дека за десетина дена на сите вработени да им биде испалтена една и пол плата, и дека  во следниот педиод ќе биде подмирен и другиот заостанат долг кон нив на рати. Сопствениците на вработените им признавале само три од досега неиспалтените плати, а дел од  вработените немаат примено по 20 и повеќе плати.

Од менаџерскиот тим на холдинг компанијата Отекс, билa искажана подготвеност за решавање на состојбите во фирмата. При тоа било ветено дека до 16 мај, ќе се започне со вложувања во Отекс и нова инвестициска програма која била во фаза на изготвување.

Иницијативата за отворање на  стечајна постапка за Отекс во онсовниот суд во Охрид, исто така е ставена во мирување  до 16 мај, крајниот рок кој работниците му го поставија на раководството за  промени во компанијата. Доколку не се оствари ветувањето на сопствениците, тогаш како што истакнаа од Штрајкувачкиот одбор, Собранието на акционери ќе одлучи кои мерки понатаму ќе бидат преземени.

Мики Трајковски