Незадоволни од понудениот колективен договор, професионалните фудбалери во италијанската Серија, за 25 и 26 септември најавија штрајк. Штрајкот со соопштение го потврди Асоцијацијата на италијански фудбалери.

Асоцијацијата реши да го поддржи барањето на играчите кои настапуваат во Серија А, во петото коло кое на програмата е на 25 и 26 септември, да не се појават на фудбалските терени“, изјави дефанзивецот на Милан и член на Асоцијацијата, Масимо Одо.

Италијанското фудбалско првенство започна пред десет дена, на табелата водат Милан, Киево, Сампдорија, Парма, Бари и Џенова.

Ohridnews
Извор “макфакс“