Тоа го најави вчера на прес-конференција претседателката на Унијата на стечајни работници Лилјана Ѓеоргиевска.
Според Ѓеоргиевска, претседателството и членовите на Унијата ќе штрајкуваат во Куманово, каде е седиштето на нивното здружение.
Со законот се предвидува стечајците со 15 години работен стаж и над 50 годишна возраст за жени и 53 за мажи, да добиваат месечен паричен надомест до следно вработување или пензионирање. Примената на законот, тврди Ѓеоргиевска, годишно ќе го чини државниот Буџет милион и 600 илјади евра.
Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост вчера не доби поддршка од собраниската Комисија за труд и социјална политика, по што раководството на УНИТ ја донесе одлуката за штрајк.