Вработените во културните и образовните институции  в понеделник ќе стапат во штрајк доколку Владата до крајот на неделава не им излезе во пресрет на нивните барања за укинување на новите измени во Законот за работни односи.

Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата инсистира до почетокот на наредната година да се применува  концептот на бруто плати и во нивните месечни примања да бидат  вметнати и хранарината и превозот.

Од СОНК велат дека доколку се организира штрајкот, градинките, основните и средните учиишта ќе ги згрижат децата и учениците но нема да се одржува настава.

Ohridnews