– Како синдикат, тука сме со вработените и овој пат ќе истраеме по сите барања кои ги имаме доставено. Бараме да ни бидат исплатени околу 11 заостанати плати почнувајќи од 2009 година. Со овој директор повеќе не потпишуваме било каков договор, затоа што до сега имаме потпишано неколку договори кои останале само на хартија, вели претседателот на Синдикалната организација, Борче Мижимакоски. Тој нагласува дека вработените веќе го имаат тужено јавното претпријатие и врз основ на тоа имаат добиено извршни решенија.
– Директорот веќе година дена ветува дека ќе се средат проблемите преку систематизација, но еве веќе секој месец се врши систематизација, а проблемите сеуште не се решени, вели Мижимакоски кој нагласува дека преговорите со директорот траат веќе три години.
Вработените укажуваат на тешката состојба во која се наоѓаат, не можејќи да ги задоволат своите основни егзистенционални потреби.
– Повеќе вака не се издржува, нема пари ниту за леб да се купи, велат тие.
Кутаноски најави дека во текот на утрешниот ден ќе го соопшти своето поопширно видување околу актуелните настани во претпријатието.