Судските службеници од Основниот суд во Охрид денска ќе им се придружат на колегите од другите судови кои ќе стапат  во тридневен  генерален штрајк.
 
Над 2.700 вработени во основните и апелационите судови бараат  зголемување на платите и  подобар статус. Штрајкот го подржува Синдикатот на работниците од управата, правосудството и здруженијата на граѓани (УПОЗ), кој  бара еднаков третман на записничарите, судската полиција, администрацијата, куририте и другите вработени во новиот Закон за судска служба, што влезе во собраниска процедура.

Синдикатот на УПОЗ, кој ја повика Владата на преговори,  најави дека дека нема да го прифати Закон за судска служба доколку во него не бидат вградени забелешките на синдикатот.

ohridnews