Ситуацијата во европскиот првак Вардар е далеку од идеална и ретко кој ракометар мисли на игра во еден од клучните делови од сезоната. „Црвено црните“ ги тресе финансиска криза, а први потег за заминување од клубот повлекле Даинис Кристопанс и Павел Атман.
Кристопанс кој штрајкува и не тренира со екипата на Вардар има договорено трансфер следната сезона во ПСЖ, но не може да премине во текот на оваа сезона. Опција за трансфер и задржување на формата за Кристопанс е Бундес лигата односно тимот на Фуксе Берлин.
Рускиот ракометар Атман кој во Вардар дојде на почетокот од оваа сезона се очекува да го засили составот на Спартак Москва.
„Јавната тајна“ од соблекувалната на Вардар ја откри Германецот Кристијан Дисингер кој проговори за неисплатениот личен доход од шест месеци. Вардар и лани се соочи со ваква криза, но ракометарите смогнаа сили, одиграа до крај и со освојување на сите клупски титули одговорија на нестабилната ситуација. Сезонава, приказната е иста, а останува да бидеме сведоци дали и каков крај ќе има.
OhridNews