Легендата на електронската музика Марко Бејли вечерва во клубот „Rebel“ во Охрид. Охриѓани и гостите ќе имаат можност да уживаат во уште една од низата добри забави поради што клубот летово беше омилена дестинација на трагачите по квалитетна забава кои добрите вибрации од Охрид ги пренесоа на сите светски меридијани.
Марко Бејли вели дека е подготвен да го „запали“ подиумот во „Rebel“. А дека забавата не треба да ја пропуштите препорачува и големиот Карл Кокс.
Марко Бејли е икона, жива легенда. Тој е самоук диџеј и продуцент чија кариера почнала да се развива во доцните 80ти во неговата родна Белгија. Го посветил својот живот на музиката, а три децении подоцна, познат е како артист кој постојано го носи звукот на некое ново, повисоко ниво. На неговите патувања низ светот и диџејските сетови, умешно и со страст прави луѓето да уживаат и да се забавуваат. Се ова со неговата беспрекорна селекција и совршена техника. Преку Јапонија, Кина, Африка, Америка, Австралија, Аргентина…
Вечерашната забава со диџеј Марко Бејли е поддржана од „Ред бул“ кој подготвува бројни изненадувања за посетителите, а ќе има и промоција на Водка/Ред бул.
Карти за музичкиот спектакл за крај на летната сезона во „Rebel“, ќе можат да се најдат во претпродажба по цена од 200 денари во охридската чаршија кај Аждер, додека на влез истите ќе чинат 300 денари.
OhridNews и клубот „Rebel“ доделуваат 3х2 влезници за музичкиот спектакл со легендата на електронската музика Марко Бејли. Добитниците на влезници ќе бидат објавени денес во 18 часот на Инстаграм и Фејсбук страницата на OhridNews.
OhridNews/PR