Тежок пораз на Фк Охрид на „Билјанини извори“ во последното коло од есенската полусезона. Екипата на Тетекс со високи 6-1 го декласираше охридски тим.

Гостите до предност дојдоа по првиот удар од аголот во малерозната 13 минута преку Мисајловски, откако топката по ударот со глава се прошета низ заспаната одбрана . Истиот играч го дуплираше водстовото седум минути подоцна.

Дека охриѓани го очекува бродолом јасно беше во 28 минута кого по одличниот соло продор Реџепи зголеми на 3-0. На истекот на првите 45` Муарем со првиот гол на мечот ги постави конечените 4-0 на полувремето.



Почесниот гол за охриѓани во 54` беше дело на Атај. Радески стрелаше прецизно во 67` додека Муарем со вториот погодок стави точка на голеадата во охридската мрежа .

М.П.