Фудбалерите на Тетекс минимално со 1-0 го совладаа битолски Пелистер на пријателскиот натпевар одигран на Билјанини извори во Охрид.

Победничкиот погодок беше дело на Богданоски по половина час игра.  Во вториот дел и двајцата тренери им дадоа шанса на сите фудбалери,а најизлгедната прилика за погодок ја имаше Стојановски, но Васлиевиќ го скроти прво неговиот а потоа и ударот на Урошевиќ  кој натрча на одбиената топка,

“Штофарите“ во Охрид ќе одиграат уште една пријателска средба и тоа в недела против Силекс.

M.П.