Малку за Охрид…пред недела дена излегувам од дома да одам до една блиска трафика да земам цигари и пиво (ако ми е пријателката на работа) зашто цигари ќе добијам ама пиво тешко зашто законов вели кој се напи, се напи до 19:00 после тоа имате можност за пиење по дома..да се сладите со жолта или пиво. Ама по кафани. Не поминав 20 м. од зад мене гледам една “банда” од 15-тина кучиња како трчаат по улицава. Се стаписав. Размислувам. Да почекам овде , можеби ќе ме разминат само…ако почнам да бегам , ако ми се пуштат ќе ме искинат , а да ми помогнит некој немат затоа што е 01:00 ? Жив човек по улица немат. На крајот на краиштата си реков, ако ми се пуштат ќе пробам да удрам едно од кучињата, па можеби ќе ја имам онаа мала среќа другите да се повлечат и да заминат. Ми текна. А ако го убијам кучето со ударот ? А другиве не избегаат ? Ем многу евра, ем можен затвор, ем искинат…ем не сакам ни да помислам на најлошото сценарио. На крајот не ми остана ништо друго освен да пратам еден брз “mail” до оној кој секогаш е тука ..Господ. Меѓу другото го замолив за мирна разрешница на претходно споменатата ситуација. И Фала му, навистина помина така …само си заминаа кучињата. И многу е веројатно дека следниот пат кога ќе треба да одам до маркет, или кога ќе треба да пречекам друштво дома, ќе треба да излезам надвор за да бидам сигурен дека “бандата” не е тука. Одкако се случи инцидентот во Охрид некој почна масовно да ги труе кучињава, па само јас разбрав за 10-тина. Кутриот човек се имат оддаено од пари за мортадела и отров…да не ја должам многу . НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ПРЕВЗЕМАТ НЕШТО ВО ВРСКА СО КУЧИЊАТА БЕЗДОМНИЦИ.
Законот за кучиња бездомници бил пресликан од Германија, излезе и рече едно кукле од некоја организација за заштита на животните. ЗА ПОЗДРАВ е законот. Ама ништо од напишаното, мене повторно ќе ми е страв да излезам и да одам до маркет. Проблемов се влече години наназад и незнам од која причина не се решава. Народов ќе се снаоѓа како знајт, ако го фатат – го фатат, многу пари или малку затвор и решен проблем.
Авторот познат на редакцијата