Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба во земјата, заради поефикасно справување со ширењето на коронавирусот во земјата. Министерот за здравство Филипче појасни дека сега Владата ќе може брзо и ефикасно да управува со ресурсите на државата и навремено да реагира на предизвиците кои претстојат и на здравствен и на економски план.
ℹ Што значи вонредна состојба?
Вонредна состојба значи дека Владата добива и Законодавна и Извршна власт. Со тоа, се олеснува работата на Владата во време на кризи и истата може да носи одлуки за добро на граѓаните многу побрзо и поефикасно.
ℹ Како Владата го прави тоа?
Преку носење на Уредби со сила на закон, кои важат само додека трае вонредната состојба.
ℹ Дали ќе има полициски час или ограничување на движењето?
Во овој момент нема таква одлука, следете ги сите понатамошни одлуки на Владата и ќе бидете информирани за евентуални ограничувања на движење.
ℹ Дали треба да направам резерви на храна?
Не, во државата има доволно резерви и на храна. Останете во своите домови, не излегувајте доколку немате потреба и купувајте онолку колку што ви треба.
Придржувајте се до мерките и препораките, само тако побрзо и полесно ќе ја надминеме оваа состојба. – порача министерот за здравство Венко Филипче.
OhridNews